За Scook
SCOOK е проект кофинансиран од програмата Еразмус+ на Европската Унија. Станува збор за тригодишен проект кој се реализира во периодот од декември 2022 година до јуни 2025 година. Проектот го координира Атлантскиот технолошки универзитет (АТУ) Галвеј, Ирска со своите партнери: Едукативниот центар за кулинарство Медитеранео во Валенсија, Шпанија; Школата Жесе де Форест од Авен, Франција и Факултетот за туризам и угостителство Охрид, Универзитет Св. Климент Охридски Битола, Северна Македонија.
ЦЕЛ
SCOOK има за цел да ја подигне СВЕСТА за ОДРЖЛИВОСТ во кулинарството пред се во институциите што вршат стручно образование и обука (VET) во секторот угостителство, ресторани и кетеринг, како на ниво на партнери, така и на регионално, национално и транснационално ниво.
Покрај тоа, SCOOK има за цел да ја зголеми ДИГИТАЛНАТА ПОДГОТВЕНОСТ на 4-те партнерерски институции од Ирска, Франција, Шпанија и Северна Македонија преку креирање на ИНОВАТИВНИ АЛАТКИ ЗА ПРЕДАВАЊЕ И УЧЕЊЕ како ресурс што ќе го користат институциите што вршат стручно образование и обука на професионалци во кулинарството

Цели на проектот
- Спроведување на повеќекратни меѓусекторски истражувања во земјите вклучени во проектот за да се утврди нивото на СВЕСТ ЗА ОДРЖЛИВОСТ кај таргетираните групи
- Изработка на ПРИРАЧНИК за рециклирање за институциите што вршат стручно образование и обука на професионалци во кулинарството
- Организирање на транснационални вебинари каде ќе се дискутира за традиционални и иновативни методи и ОДРЖЛИВОСТ во готварството и кулинарството.
- Развој на повеќејазични и инклузивни интерактивни дигитални ресурси за настава и учење за ОДРЖЛИВОСТ за риба, месо, млечни производи, пекарски производи, житарки, зеленчук и овошје.